Cafe Del Mar

Топ совети за слабеење

Слабеењето е повторно во мода, затоа што првите пролетни денови ни го донесоа и вообичаениот проблем со облеката која до сега висеше во плакарот и ја чекаше сезоната – стана премалечка.

Секако, на повеќето луѓе им се темни пред очи само кога ќе помислат на диета и на вежбање, па затоа ви предлагаме усвојување на овие пет здрави навики кои ќе го збарзаат топењето на вишокот килограми без диети и вежбање:

Јадете банани – секоја банана содржи дури 500 мг калиум, кој е познат по тоа што одлично го забрзува метаболизмот.

Јадете протеини – освен што се одговорни за градбата на мускулите, протеините помагаат и за согорување на маснотиите. Затоа слободно навалете на риба, пилешко и мисиркино месо.

Пијте повеќе вода – барем литар ипол дневно, затоа што добро хидрираното тело полесно ги исфрла токсините и вишоците, а еве и еден совет – ако сте жедни, веќе сте дехидрирале, затоа пијте вода пред да почувствувате жед.

Пијте зелен чај – две лажички зелен чај дневно ќе ви помогнат во топењето на маснотиите во телото, а нема значајно да го зголемат внесувањето на кофеин.

Намалете го стресот – хормонот на стресот кортизол кој се излачува во стресни ситуации, придонесува за дебелеење. Затоа, помалку стрес- помалку килограми.

Write A Comment