Мојата кујна

Торта со кафе

Состојки за кората:

180 г шеќер
8 белки
5 жолчки
220 г мелени бадеми
1 лажица турско кафе

Состојки за филот:

3 жолчки
250 г шеќер во прав
300 г мелени кекси
100 мл сварено и процедено кафе
250 г путер
100 г чоколадо за готвење

мелени бадеми за украсување

Приготвување:

Изматете ги белките во цврст снег. Одделно изматете ги жолчките и шеќерот, па полека соединете ги со белките. Додадете ги бадмеите и кафето, па се убаво соединете. Ставете ја смесата во голема тепсија обложена со хартија за печење. Печете во рерна на 180°C 15-20 минути. Кога ќе се испече оставете ја да се олади и исечете ја на 3 еднакви делови.

Изматете го путерот со шеќерот во прав и со жолчките. Чоколадото стопете го на пареа, па додадете го во смесата со путерот, а потоа додадете ги кексите и изладено сварено кафе. Се измешајте со миксер.

Намачкајте ги со филот корите. одозгора поросете со мелени бадеми и украсете по желба. Пред да ја исечете оставете ја добро да се излади и да се стегне во фрижидерот.

Напиши коментар