Мојата кујна

Торта со рум

Потребни состојки:

За кора:

  • 2 портокали
  • 750гр шеќер
  • 10 јајца
  • 150гр мелени ореви
  • 100гр суво грозје
  • 60гр мелени бисквити
  • 5 лажици рум

За глазура:

  • 4 реда чоколадо
  • 20гр путер

Начин на подготовка:

Корите од два портокали исечете ги на ситни парчиња и сварете ги во вода. Во тава со пет лажици шеќер, додадете ги корите од портокал да се сварат односно да се зашеќерат. Посебно изматете белки со 10 лажици шеќер. Додадете ги жочките и добро измешајте, потоа следуваат мелените ореви, суво грозје, мелени бисквити и зашеќерена кора од портокал. Се добро помешајте, додадете во подмачкан калап за торта и печете на умерена температура во загреана рерна. Печеното тесто оладете го и прелијте го со сируп кој сте го направиле со преостанатиот шеќер и пет лажици рум. Тортата прелијте ја со глазура од чоколадо.

Напиши коментар