Sweet Home

Тренд на уредување: Отворени полици наместо висечки елементи во кујната

Времето на висечките кујнски елементи полека почнува да избледува. Во тренд се отворените полици во просторијата каде што ги подготвуваме оброците.

Додека едните се загрижени за прашината и чистењето, обожавателите на отворени полици тврдат дека истите непријатности се јавуваат и во затворените шкафчиња.

Освен тоа, сите работи ви се полесно на дофат и лесно видливи, без да го пребарувате просторот.

Отворениот простор секогаш нуди поголема димензија и многу повеќе светлина, а мораме да признаеме дека овие кујнски полици изгледаат совршено.

 

Write A Comment