Сигурни сме дека во вашиот орман постои некоја маица која никогаш повеќе нема да ја облечете., а истата таа има некој интересен дезен и некако не ви дава срце да ја исфрлите. А сега замислете си дека таа иста маица може на еден многу едноставен начин да стане прекрасна марама која ќе ја износите оваа сезона.
Потребни се само една маичка и ножици.
Исечете ја маичката под ракавите, потоа сечете лентички со должина и ширина по желба и на крај малку растегнете ги.
Изгледот на марамата зависи од бојата на маичката и од тоа какви реси ќе направите, па може да добиете кратка, долга, шарена, раскошна…
Истата марама може да биде долга кога се носи пуштена, и кратка ако уште еднаш се префрли околу вратот.
И сега погледнете што ќе добиете … добивате марама налик онаа на прекрасната Хајди Клум.