Убавина

Третман со кромид против опаѓање на косата

Заборавете ги беспотребните трошоци и скапите козметички препарати. Добриот стар кромид, може да биде доброто решение за вас, доколку косата ви е ретка , слаба и ви опаѓа. Третманот за коса со кромид не само што е природен лек, туку рецептот е и сосема сигурен. Кромидот е богат со сулфур и помага при растењето на косата. Бидејќи има големи антибактериски својства, таа го намалува воспалението на кожата доколку го имате.

Рецепти:
1. Измиксирајте го кромидот и сокот кој ќе го добиете нанесете го на косата. Така држете 30 мин, а потоа измијте ја косата со благ шампон. Доколку тоа го правите 3 пати во неделата резултатите ќе ги видите за два месеца. Бидете трпеливи и упорни.
2. Дејството на кромидот можете да го зголемите доколку го измешате со мед. Во шолја од 250мл сок од кромид, додадете една лажица мед. Со таа смеса мачкајте ја косата секој ден. Потоа измијте ја со благ шампон.
3. Доколку ви пречи мирисот на кромидот, ставете го во рум. За овој третман потребно е кромидот да се исецка, да се потопи во чаша полна со рум и да отстои цела ноќ (не ја ставајте во фрижидер). Следниот ден процедете ја мешавината, отстранете го кромидот и намачкајте ја косата. Резултатите во скоро време ќе бидат видливи.

Напиши коментар