Мода

Три нови начини како ќе го носиме џинсот нареднава сезона

Доколку сте од оние личности кои однапред сакаат да знаат што е тоа што се спрема за наредната сезона, какви парчиња, материјали и кројки ќе бидат во тренд, денеска ќе ве известиме за некои од нив. Џинсот како еден од секогаш актуелните материјали, а парчињата од џинс како најносени, се спремаат во ново „руво“ за пролет/лето 2017 година, а и еве какво е тоа и што се ќе преземе сосема женскиот моден свет.

Комбинација на стилови сосема е можна кога џинсот е во прашање. За идниот период, драги дами, ви се спрема нешто многу интересно. Комбинација на стилови, кој доста потсетува на класични униформи на различни занаетчии, во комбинација со секси изглед, ќе биде фантастична комбинација која ќе ја дополни и мешавината на повеќе видови на тексас во различни бои. „Oversize“ јакните, трегери, здолништа и шорцеви на трегери, ќе биде апсолутен хит во потоплите денови.

Минатата година многу беше свртена кон моделите на фармерки кои едноставно ги нарекувавме „boyfriend“, бидејќи инспирацијата им била модата за мажи и воопшто вакви машки модели. Потоа, сепак ги смениле во фармерки со рамен крој, кои се со должина до глуждови и сепак го заземале првото место кога џинсот е во прашање. Оваа сезона се продолжува истиот тренд во одредена мерка, но со некои измени. Имено, измените се во украсувањето и тоа во долниот дел на ногавиците. Украсените ногавици на дното со некои метални или светкави детали, всушност трендот е ист како и пред две децении владеел во пределот на џебовите и воопшто во горниот дел на фармерките, а сега се враќа, но и се симнува на нивното дно.

Кога сме веќе кај фармерките со рамен крој, дефинитивно е сигурно дека тие го избркале „skinny“ џинсот од тронот кој го зазимал доста долго, а тоа во оваа сезона ќе се потврдува. „Baggy“ фармерките, со рамен крој, ќе биде апсолутна опсесија за модните експерти и вљубениците, па така ќе се комбинира во сите видови на стилови, од сосема лежерни,  до оние малку гламурозни.

Write A Comment