Во Германија, јужно од Берлин, во Краусник се наоѓа една од најголемите внатрешни плажи во светот. Така наречениот Тропски остров нуди простор за 6 илјади луѓе, а има преку 50 илјади растенија и тропска клима преку целата година.
За креирањето на овој тропски простор искористен е стар авионски хангар, кој инаку е толку голем што може да собере осум фудбалски терени. Сега овој простор е вистински рај, има песочна плажа, водопад, базени и лизгалки, спа и уште многу нешта кои прават да заборавите на сите грижи и само да уживате.
