← НАЗАД НА БОЗА

Учете од искуството на другите жени: Посилни од било кога после разводот

Учете од искуството на другите жени: Посилни од било кога после разводот
20 Читања

Кога поминувате низ тежок развод, мора да почнете да се навикнувате да живеете сами и дека нема кој повеќе да ве чека дома.

Со тек на времето, ќе почнете да сваќате дека не само што сте се навикнале на животот после разводот, туку и дека сте станале подобра и посамостална личност токму поради тоа. Многу жени поминале низ развод и многу од нив истакнуваат како станале многу послини после тоа.

Прочитајте ги позитивните искуства на оние кои поминале низ тежок развод:

“Разводот ми овозможи да почнам да верувам во себе и дека не морам да бидам она што некој го сака од мене”.

“Разводот ме научи да бидам кројач на својата судбина”.

“Разводот ми покажа дека сум многу посилна личност отколку што можев да замислам. Способна сум да направам се што е потребно за моите деца да бидат безбедни”.

“Сватив дека сум доволно силна да го преживеам сето тоа сама. Кога се така бргу ќе изгубите, учите многу за себе”.

“Научив да поставувам граници и да не го прифаќам однесувањето на другите кое не ми се допаѓа”.

“Верувам во себе повеќе од било кога”.

“Научив дека нема што да изгубам ако живеам онака како што јас сакам”.

“Разводот ме научи да го ценам животот и да сватам дека самата можам да ја контролирам својата иднина. Сега можам да успеам на свој начин”.

“Конечно научив да бидам свој човек. Научив да бидам потполно независна”.

“Сватив дека воопшто не сум имала реална визија за љубовта и дека морам да најдам ново сваќање за неа. Мојата следна врска ќе биде многу појака, токму поради таа причина”.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk