Мојата кујна

Уште еден брз и одличен чоколаден десерт без печење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 поголема чаша мелени интегрални бисквити

* 1/2 чаша ситно исецкани пржени лешници

* 1/4 чаша какао

* 1/2 лажиче сол

* 3/4 чаши слатка павлака

* 120гр чоколадо за готвење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  •  Намачкајте ја тавата со масло и обложете ја со хартија за печење.
  • Во поголем сад измешајте ги бисквитите, лешниците, какаото и солта и полиете ги со слатката павлака.
  • Потоа додадете го и истопеното чоколадо и добро измешајте додека не добиете хомогена смеса.
  • Смесата ставете ја во тава и израмнете ја.
  • Ставете ја во фрижидер да отстои барем еден час, додека не биде доволно чврста за сечење.
  • Извадете ја и исечете ја на коцки.
  • Чувајте ги затворни во херметичка кутија во фрижидер до 5 дена.

Напиши коментар