Art & Crafts

Уживајте во елеганцијата на самостојно изработениот ѓердан

Самостојно изработете го овој прекрасен елегантен ѓердан кој е инспириран од ѓерданот на Ann Taylor кој се продава по 100 долари парче.

Ѓерданот е комбинација на обичен ланец, сатенски ленти и два слатки броша. Совршен е како додаток за вечерен изглед, но во комбинација со обична бела блуза е идеален и во текот на денот.

Потребно ви е:

Ланец

2 прстена и копчиња

Сатенска лента

2 броша

Клешти

Прво земете ја сатенската лента и провлекувајте ја низ секој втор отвор на ланецот, како што е прикажано на сликата. Можете и да експериментирате и да ја провлекувате лентата низ секој отвор или можеби низ секој трет, тоа зависи од вас.

Откако сте завршиле со провлекувањето на лентата, со помош на клештите прицврстете ги прстените и копчињата на двата краја од ланецот. Лентата заврзете ја на краевите.

На крај поставете ги брошовите и малата панделка која сте ја изработиле од сатенска лента и ѓерданот е готов.

Write A Comment