Motherhood

Вечниот дуел: свекрва – снаа

Пo едно истражување спроведено од стана на веб-порталот “One Poll”, околу 40 проценти од жените има лош однос со својата свекрва, а мнозинството од нив води секојдневни расправии поради “добронамерните” совети кој им ги дава нивната свекрва. 4 од 10 жени има тежок однос со својата свекрва, а 1 од 10 воопшто не комуницира со свекрвата, за да ги избегне честите расправии. Најчестиот повод за расправии е мешањето на свекрвата во воспитувањето на децата.

Околу половина од  жените во брак признале дека имаат кризни ситуации со своите сопрузи поради мешањето на неговата мајка.

Погледнете во што грешат свекрвите, па кажете ни да ли сме навистина ние сите исти…и снаи и свекрви:

–          Секогаш има совет повеќе за подобро воспитување на децата.

–          Се однесува како да апсолутно се знае подобро од снаата.

–          Дава изјави од типот: “Во мое време се правеше вака…”

–          Често ја критикува снаата околу воспитувањето на децата.

–          На децата им дава премногу слатки работи и нездрава храна, без оглед на тоа што снаата мисли за тоа.

–          Не слуша и не ја слуша снаата.

–          Ги потенцира добрите особини на својот син, со оглед на тоа дека ги “наследил” од неа.

–          Се меша во финансиите на синот и снаата.

–          Често го прашува синот: “Јадеш ли ти доволно? Многу си ослабнал”.

–          Секогаш потенцира на тоа дека што побргу треба да имаат деца, бидејќи нема да бидат помлади.

–          Критикува се што ќе зготви снаата, со оглед на тоа дека таа не знае тоа да го спреми доволно добро.

–          Негативно го коментира стилот на снаата.

–          Одбива да ги слуша советите на снаата за тоа како треба да ги чува внучињата, со оглед на тоа дека таа знае се, “и дека ги израснала и своите деца”.

Напиши коментар