Да изберете “идеална” венчаница за вашата свадба е навистина тешка задача. Има исклучително многу различни и прекрасни фустани, па едноставно не можете да се одлучите, што ја прави задачата уште потешка. Ќе се обидеме да ви ја олесниме одлуката, со тоа што ќе ви ја прикажеме следнава неверојатна летна колекција на венчаници од Ersa Atelier, која со сигурност ќе ве инспирира. Романскиот моден бренд се концентрира на создавањето на чудесни венчаници за невести кои бараат уникатен фустан за својот голем ден. Од Era Atelier се обидуваат да одговорат на секојдневното менување на модата, но никогаш не ја забораваат магијата која треба да ја предизвика една венчаница. Обрнете внимание на деталите, главно во горниот дел на моделите, што придонесува за уште по романтична и елегантна визија.
















