Појавата на опуштен и растресен подбрадок е проблем за многу мажи и жени која најчесто се поврзува со процесот на стареење, варирањето на телесната тежина и генетиката. Како да се справите со него? Со применување на три едноставни вежби кои треба да ги практикувате секој ден.
Една од најлесните вежби е да ја отворите устата најмногу што можете и да ја држите отворена 10 секунди. Оваа вежба може да ја повторите неколку пати во текот на денот.
Лесно истегнете ја главата кон напред така што ќе изгледа дека гледате кон таванот. Потоа усните стегнете ги како да сакате да бакнете некого и останете во таа поза пет секунди. Вежбата повторувајте ја секој ден по 10 пати.
Правењето кружни движења со главата исто така ќе ви помогне во отстранување на подбрадокот. Прво исправете се, а потоа со брадата правете полукружни движења од рамо до рамо. Вежбајте со лесно темпо и бидете прецизни во изведувањето на вежбите. Повторете го движењето од три до пет до пати во текот на денот.
