Истражувањата покажуваат дека посетата на сауна не е добра само за душата и за опуштање, таа придонесува за комплетно здравствена благосостојба.
Доколку сакате да се опуштите, но истовремено и да направите нешто добро за своето и за здравјето на своите најблиски, би било убаво да го посетите најблискиот спа центар и да им се препуштите на волшебствата на сауната.
Работата е во тоа што нашата телесна температура се зголемува за еден до два степени додека се потиме, што, исто како и треската, доведува до активирање на одбрамбените келии на имунитетот.
Промената од топло на ладно ги опушта мускулите, го смалува крвниот притисок, го подобрува крвотокот, метаболизмот и дишењето, а тоа доведува до јакнење на организмот и ние стануваме многу поотпорни на разни заболувања и здравсвени пореметувања.