Bridal

Винтиџ-наметка за вашата венчаница

Сите сте го слушнале она правило – нешто старо, нешто ново, нешто сино и нешто позајмено. Дури и ако им се спротивставувате на овие верувања, сепак не би било лошо да имате барем некоја таква ситница. Велат дека носи среќа во бракот!
Ѕирнете во плакарот на вашата баба и можеби токму таму ќе најдете ваква прекрасна наметка што ќе биде оној дел што недостасува за вашата елегантна појава да предизвика огромно воодушевување. Одлично се вклопува со венчаници со поедноставна форма, во стилот на 20-те години од минатиот век. Ќе бидете вистинска невеста со стил! Не заборавајте својот стајлинг да го надополните и со фризура како оние на филмските диви од „златните години“ на Холивуд.
Дури и ако не успеете да пронајдете автентично парче, секогаш можете да побарате некој што рачно ги изработува и така да осмислите нов, оригинален модел што можеби еден ден за вашата наследничка ќе претставува вистинско богатство. А што е најубаво, ќе имате прекрасна винтиџ-наметка за денот на вашата венчавка!

Винтиџ-наметка за вашата венчаница

Напиши коментар