Одличен десерт за љубителите на чоколадото !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За кора:
250 грама путер
140 грама шеќер во прав
140 грама чоколадо за готвење
5 жолчки
5 белки
140 грама брашно
За фил:
7 јајца
7 лажици шеќер
125 грама путер
100 грама бело чоколадо
За глазура:
140 грама шеќер во прав
¼ литри топла вода
180 грама чоколадо за готвење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Путерот пенасто изматете го, додадете го шеќерот и убаво изматете. Стопете ја чоколадата и додадете ја на изматениот путер. Со постојано миксирање додадете една по една жолчка. Од белките направете шлаг и додадете го во смесата од путер и жолчки, убаво измешајте со лажица и пополека со постојано мешање додадете го брашното.
Калапот за тестото намачкај те го со путер и посипете го со брашно. Налиј те го тестото.
Печете на 150 степени Целзиусови 1 час.
Жолчките сварете ги на пареа. Додадете го чоколадото и оставате да се олади. За тоа време направете шлаг од белки и пенасто изматен путер. Сите состојки убаво измешај те ги.
Глазурата за тортата припремете ја на следниот начин. Шеќерот во прав прелиј те го со ¼ литар топла вода и мешајте додека шеќерот не се стопи. Потоа додадете ја чоколадата и садот ставете го на оган и варете се до моментот додека целото чоколадо не се стопи и не добиете маса со густина на прелив.
Оладениот пандишпан поделете го на 2 кори. 1 кора нека биде потенка. Редите кора, фил –кора-фил- глазура. Декорирајте по желба.