Веќе нема изговор дека немате време да направите торта. Само измешајте ги сите состојки, ставете од квалитетното црвено вино и ете ви прекрасна, чоколадна торта со црвено вино.
Потребно е:
250 гр путер
250 гр шеќер
3 јајца
1 лажиче екстракт од ванила
2 лажици какао во прав
1 лажиче цимет
прстофат сол
1 лажиче пециво
400 гр брашно, просеано
125 мл црвено вино (нека биде квалитетно, затоа што така тортата ќе биде вкусна)
Подготовка:
Путерот стопете го на пареа. Стопениот путер ставете го во длабок сад и ставете ги шеќерот и јајцата.
Целата смеса изматете ја со миксер и матете додека да побелат јајцата. Потоа, додадете ги ванилата, солта и виното. Измешајте.
Во цедалка просејте ги брашното со какаото и пецивото. Целата смеса убаво измешајте ја со жица за матење.
Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени. Калапот за куглов намачкајте го со путер и ставете брашно за да се обложи целиот калап. Смесата претурете ја во калапот и ставете ја тортата да се пече околу 40 минути.
Проверете со чепкалка дали е печена тортата. Откако ќе биде печена, оставете ја 10 минути да се олади на собна температура пред да се сервира. Сервирајте со изматена слатка павлака.