Враснатите влакненца се секојдневен проблем со кој се борат поголем број од жените. Но, овој проблем можете да го решите сами и тоа само со три чекори.
Пилинг
Пилингот на површината на кожата ги отстранува мртвите келии кои предизвикуваат воспаление. Со лесен гел во зрна истијте ја областа и измијте ја на вообичаен начин.
Топли облоги
Чиста крпа или ракавица за туширање, натопете ја во топла вода па со неа лесно притиснете ја областа каде што имате враснати влакененца и држете ја така околу две минути. Постапката повторете ја дав пати во текот на денот се додека на површината на кожата не се појави дел од влакненцето.
Пинцета
Откако влакненцето ќе се појави на површината на кожата извлечете го со стерилна пинцета.
