Sweet Home

Впечатлив стан со одлични идеи како да оставите личен печат врз просторот

Скандинавскиот стил е она кое доминира во овој стан. Благодарение на него, внатрешноста изгледа светла, просторна и функционална.

Типично за стилот, главната боја е белата, но со помош на извонредни решенија на дизајнерите, целиот простор станува динамичен, специфичен и ексцентричен.

Друг многу  важен момент кога сакате да постигнете уникатност и посебност е осветлувањето. Осветлувањето нуди многу можности кога е во прашање нагласувањето на просторот и елементите.

Она што овој стан го прави сосема поразличен од сите други е начинот на кој е постигната совршена симбиоза меѓу смирените бели тонови на ѕидовите и подот и силните нијанси на декоративните елементи.

Погледнете ги можностите и можеби ќе добиете идеја дека веќе е време за реновирање во домот…

 

Write A Comment