Мода

Впечатливиот накит е во тренд

Ако сакате да бидете во тренд и ова лето, придржувајте се до одредени „правила “ на облекување. Освежете ја вашата гардероба, набавете некои модерни парчиња облека и тргнете на пат, на работа или на шетање.

Оваа сезона се носат удобни и лесни фустани, туники, маици со фармерки или панталони со поинаков крој. Но доколку навистина сакате да се истакнете со вашиот стил, купете разновиден и впечатлив накит, ланчиња кои можете да ги комбинирате во секоја прилика. Овај накит е достапен во разни бои, но сепак златото и среброто и понатаму владеат со светските модни писти.

Прстените со големи каменчиња или необичен облик, прекрасно ги истакнуваат рацете. За на работа носете едноставни креации, а за истакнување на вашиот врат и привлекување внимание на очите, изберете поголеми убетки. Ова е добар избор за жени кои сакаат да се докажат на било која свеченост, а белегзиите за раце нека бидат елегантни и префинети, погодни за секоја прилика. Декорацијата со циркони, ке го направи уште позабавно и поинтересно парчето накит.

Девојките најчесто сакаат да го менуваат својот накит, па затоа препорачуваме ланчиња, убетки, прстени кои ќе им ги истакнат посебните карактеристики и ќе ги направат уште поубави.

Write A Comment