Токсините кои се насобираат во вашиот организам потекнуваат од храната и пијалоците кои ги консумираме, но во нашето тело можат да се појават и преку кожата но и воздухот кој го дишеме.
Кога во нашето тело има премногу токсини, потребно е нешто да преземеме и да го прочистиме.
Симптомите по кои може да познаеме дека во нашето тело има премногу токсини се:
-надуеност
-лошо/недоволно спиење
-константен умор
-лош здив
-бело-жолта боја на јазикот
-изоштреност на сетилото за мирис
-проблематична кожа и главоболка.
Од токсините може да се решите на следниот начин:
Сауна, бидејќи потењето помага во отстранување на токсините од телото.
Постење, како еден од начините своето тело да го одморите од тешка или брза храна.Пробајте да постите барем еднаш неделно, за најдобри резултати.
Консумирајте одбрана храна од квалитетни и здрави намирници. Потрудете се во својот организам да внесете доволно зеленчук, посебно внимание обрнете на коријандер и брокула.