Ќе ви ги прикажеме резултатите од најновите истражувања на научниците за заедничкиот живот, бракот и децата.
Заеднички живот
Според едно истражување од 1992. заедничкиот живот започнувал после четири години врска. Исто така резулатаите покажале дека е поголем процентот на разводи помежу паровите кои пред брак живееле заедно. Новото истражување покажало дека заедничкиот живот пред брак не може да им штети на паровите, туку спротивно.
Последното истражување кое траело од 2006. до 2010. покажало дека за жените најдобро време за живот со партнерот е помеѓу 25. и 29. години и тоа после три години врска. За жените помлади од 24 години поголема е веројатноста дека заедничкиот живот и врската нема да успеат доколку почнат да живеат со партенерот.
Венчавка
Според истражувањето од 2013. година, најдобро време за склучување на брак за жените е 27, а за мажите 29 години. Друго истражување од 2008. покажало дека процентот на разводи е поголем помеѓу паровите кое го кажале судбинското “Да” пред да наполнат 23.
Важна улога во тоа игра и образованието, па така паровите кои се венчале по завршување на факултеот имаат поголеми шанси за успех од помалку образованите парови. Но, тука е и времето кое парот го поминал заедно пред склучување на бракот. Паровите кои подолго се забавувале (повеќе од пола година), имаат поголеми шанси за успех во бракот.
Деца
Истаржувачите откриле дека поголеми шанси за успех на врската имаат паровите кои прво се венчале, па потоа добиле деца. Тие тврдат дека идеално време за деца е дури по една година од бракот пред 35 – тата година од животот.
