Фертилноста или поинаку кажано шансите за забременувње зависи во голем процент од возраста на жената. Колку повеќе го одложувате раѓањето на деца толку повеќе се намалува плодноста.
Жените се најплодни помеѓу 20 и 25 години, но тоа не значи дека секоја жена од оваа возрасна група може веднаш да зачне. Со зголемувањето на возраста вашата плодност намалува, бидејќи бројот на функционалните јајце клетки е помал, како и нивниот квалитет.
Секоја жена се раѓа со одреден број јајце клетки кои намалуваат со секој нареден менструален циклус.
Со зголемувањето на возраста стареат и јајце клетките што го отежнува понатака нивното оплодување. Така на 35 години сте плодни само пола од тоа што сте биле 25, а на 40 години сте плодни само пола од она што сте биле на 35 годишна возраст.
А крајот на фертилноста доаѓа со настапувањето на менопаузата, што во последно време се случува доста ранао – на околу 40-45 годишна возраст.
Со возраста намалуваат и шансите за успех при ин витро оплодување. Ете зошто во последно време во светот е популарно забременување со помош на донирани јајце клетки. Но бидејќи наоѓањето на донор е комплицирана работа, науката почнува се повеќе да се усовршува во процесот на замрзнување на јајце клетки додека се сеуште млади и добро функционираат и да ги употребите тогаш кога ќе сте спремни за деца. На овој начин, кога после извесно време ќе сакате да имате деца, но возраста не дозволува природно зачнување, ќе можете да ги искористите сопствените јајце клетки преку ин витро оплодување.