Motherhood

За децата родителите се инспирација, мотивација и лидерство

Можеби мислите дека соништата на вашето дете се нереални. Тоа е најчесто реакцијата на повеќето возрасни. Треба да верувате во детето, зошто тоа верува во себе и веројатно вие сте единствената друга подршка што тоа ја има.

Нема ништо поубаво од мечтите и ние тоа го знаеме од лично искуство. Многу од вас веројатно не ги реализирале своите мечти и често тоа се пренесува како недоверба и кон децата. Ако случајот е таков, едноставно не мешајте се. Мечтите на вашето дете не се за вас. Според децата се е возможно. И така треба да биде. Ако вие ги негирате мечтите на своите деца или нивното право да мечтаат, ја поткопувате нивната шанса за развој и стремежот кон успех. Верата во сопствените способности и во среќната звезда е прекрасно чувство и добар стимул за вашето дете.

Вашата цел како родител е да го обезбедите патот на детето кон успехот. Например, успехот и богатството се продукти на еден процес и секој може да ги постигне. Дете кое расте во успешно семејство ќе се стреми да се реализира возможно најдобро. Тоа ќе го прифати успехот како водечки стандард во животот.

Се разбира има и многу деца кои растат по различен начин или пак се многу различни од своите родители. Тоа што можете да го сторите е да се погрижите тие да не ја испуштат својата шанса да ги реализираат своите соништа и да ги уверите дека ќе успеат.

И најважното – научете го детето на фокус, интензивност и континуитет. Тоа се едни од најважните квалитети за постигање успех. Една мечта без континуитет и упорност е нешто кое веројатно ќе остане само спомен од минатото.

Write A Comment