Motherhood

За мажите не е проблем да се оженат без љубов!

Според последната студија спроведена од сајтот за запознавање Match.com, одговорите на 6000 мажи и жени покажале дека мажите многу почесто стапуваат во брак само за да „поминат на редот“ и да ја имаат сигурноста што ја нуди семејниот живот, односно мажите се склони да склучат брак со човек во кого не се вљубени.

Голем процент од мажите признаваат дека би стапиле во брак со партнерка која има се, што тие сметаат дека треба да поседува една жена и покрај тоа што не се вљубени во неа. Од друга страна, жените не се склони на такви компромиси и само мал дел од нив би се согласиле на ваков брак.

Некои мажи отишле и подалеку, признавајќи дека би се ожениле дури и за жена која не ги привлекува сексуално. Замислете дури 40% од мажите изјавиле дека се во состојба да го кажат судбоносното „да“ на жена кон која немаат никакво сексуално привлекување.

Изненадуваат резултатите, кои покажуваат дека мажите се во состојба да се обидат да засакаат жена кон која немаат никакви чувства, но пак ги исполнува критериумите на општественото мислење како и оние на неговото семејство.

Write A Comment