Спречете ја водата да претече од тенџерето
За да избегнете неред во кујната потребно е да ставите чепкалкта за заби помеѓу тенџерето и капакот. Овој мал отвор ќе и овозможи на пареата да излезе и ќе спречи водата да претече.
Дозирање на прелив за салата
Дали сте знаеле дека постои начин да не го истурите половина шише од преливот за салата? Многу е едноставно. Кога ќе купите ново шише прелив за салата, не ја отстранувајте заштитната фолија туку едноставно со чепкалката направете неколку дупчиња.
За чистење на тастатурата
Поради честата употреба, во просторот помеѓу копчињата на тастатурата на компјутерот или телефонот често може да се најде прашина, нечистотија или маснотија. Најлесниот начин да ги исчистите е со помош на чепкалка за заби натопена во алкохол.
Палење свеќи
Колку пати сте дошле во ситуација кога не можете да запалите свеќа, бидејќи фитилот е премногу краток, а свеќата премногу “длабока” . Решението за ова е: најпрво запалете ја чепкалката, а потоа со неа свеќата. Премногу лесно, нели?
Рамномерно готвење
За да можете колбасите да ги испечете рамномерно од сите страни, поврзете ги со неколку чепкалки за заби. Чепкалките за заби ќе ги спречат колбасите во тавата да се движат и полесно ќе можете да ги превртите.
Да го поравите дупнатото црево
Доколку цревото што го користите за полевање на вашата градина се дупне, не морате да купувате веднаш ново. Пронајдете ја дупката и затворете ја со чепкалка за заби.
