Стапчињата за уши се составен дел од секое купатило. Сепак, тие освен за чистење на уши се користат и за многу други работи, особено кога се работи за шминка.
Еве неколку идеи како да ги искористите стапчињата за уши и да решете едни од поголемите проблеми:
Еве неколку идеи како да ги искористите стапчињата за уши и да решете едни од поголемите проблеми:
Со помош на стапчињата може да се поправи шминката на очите, односно да го отстраните вишокот од креон, моливче или сенка.
Може да се користат наместо четкичка за нанесување кармин.
Одлични се за прецизно нанесување на коректор за сушење акни и митесерии.
Многу полесно може да нанесете рицинусово масло на трепките и веѓите за побрз раст.
Ако имате подраснати бели влакна на косата, намачкајте ги стапчињата со сенка во иста боја како и вашата коса и прекријте ги влакната.
Отстранете го вишокот на крем за самопотемнување од прстите, кои ви се насобира за време на нанесувањето.
Со малку ацетон, лесно може да го отстранете вишокот лак кој случајно излегол од ноктот.
Земете стапче и нанесете лепак, со што лесно ќе ги залепете вештачките трепки.
Напрскајте неколку стапчиња за уши со вашиот парфем и ставете ги во пластична вреќичка. Носете си ја со себе за да нанесете парфем, ако шишето на парфемот не ви го собира во чантичката.
