Мода

Задолжителен додаток на плажа: голема шарена чанта

На летување задолжителен детаљ во секоја комбинација е чантата, во која ќе ги ставите сите дреболии потребни за уживање на плажа. Главно се со големи димензии, а оваа сезона се носат во различни  форми, бои и дезени. 

trendi torbe za plazu

Тие се дизајнирани главно од платно или од слама, со подолги рачки, а најпопуларни се моделите во интензивни и дречливи бои, со впечатливи дезени и принтови.

Може да се најдат во повеќе големини, а најмногу ги има со тркалезна, коцкаста или долгнавеста форма.

Ако не сакате интензивни бои, во многу колекции можете да најдете и модели во неутрални, земјени, сребрени или во златни тонови. Хит се и моделите прошарани со животински принт, како и оние со линии, печатени портрети, цвеќе, овошје…

И ова лето тренд на плажите се проѕирните чанти, кои изгледаат уште поинтересно кога ќе се наполнат.

Write A Comment