Сигурно би им го олесниле текот на животот
1.Овозможете му на Вашето дете да вежба нови вештини, така што ќе се присети на своите претходни успеси и ситуациите каде се соочува со нов предизвик.
2.Пуштете го да погреши и потоа повторно охрабрете го да проба.
3.Покажете ентузијазам кон секоја нова вештина која Вашето дете ќе ја стекне и има желба да Ви ја покаже.
4.Помогнете му да ја запознае својата моќ и своите квалитети.
5.Кажете му дека верувате дека ќе успее ако биде упорно. Децата сакаат да ги исполнат очекувањата на нивните родители.
6.Секој ден поминувајте квалитетно време со што ќе се почувствува сакано и почитувано.
7.Посветете му внимание, барем 10 минути на ден.
8.Бидете позитивен пример. Ако и Вие бидете самоуверени, ќе го следат Вашиот пример.
9.Пофалете му го трудот, не само резултатите. Тие мора да знаат дека ќе ги прифатите и нивните порази и тешкотии.
10.Одредете правила кои однапред ќе му покажуваат на што треба да се фокусира. Така ќе знае дека во таа доба треба да биде фокусирано и самоуверено за одредени активности.