Cafe Del Mar

Жените признаваат дека нивните градници се навистина валкани

Колку и да би сакале мажите да мислат за градниците како деликатни предмети на страста, реалноста е помалку привлечна (како што и е реалноста најчесто). Градниците се валкани – и тоа не го мислиме во некоја религиозна смисла – тие буквално не се перат доволно, дури ни приближно.

Списанието Elle спровело анкета на нивните вработени. Пет уреднички дури и ги испрале нивните градници и ги фотографирале резултатите да се види колку би била валкана водата.

Една вработена на списанието признала дека не памти кога последен пат го испрала градникот. Друга исто така заборавила, сведувајќи дека најверојатно последен пат го испрала „кога се потела во него во текот на летото“.

Според дополнителни истражувања, повеќето жени ги перат нивните градници на секои три до четири недели. И ова се жени кои работат во модната индустрија, што не кажува многу за обичните жени. Секако, сé е релативно во однос на тоа колку градници користиме, но сепак сметаме дека овие вредни парчиња долна облека заслужуваат повеќе грижа.

Напиши коментар