Новости

Животот на богатите и славните: Кајли Џенер ангажираше “тренер за бременост”

Кајли Џенер и раперот Травис Скот во врска се од април, а сега го очекуваат своето прво дете.

Најмладата членка на семејството Кардашијан е во четвртиот месец од бременоста, а се зборува дека носи девојче.

Со цел да осигура се најдобро за своето прво дете, старлетата ангажирала “тренер за бременост”.

Станува збор за личен асистент кој ќе се грижи за нејзината исхрана и вежби.

– Кајли ништо не остава на случајот кога се работи за незиното неродено дете – изјавил извор близок на старлетата и додал:

– Често велеше дека сака да биде млада мајка. Пресреќна е. Ова е остварување на нејзиниот сон.

Напиши коментар