Здраво тело

Знаците и симптомите на дијабетисот

Дијабетесот е хронична болест при која телото не е во можност да ги претвора шеќерите во енергија. При таа состојба нивото на шеќерот во крвта се зголемува, а тоа доведува до зголемен број на здравствени проблеми како што се  срцеви заболувања, слепило и други сериозни компликации. Дијабетесот е модерна болест која ги ги напаѓа луѓето од сите возрасти. Проблемот е уште поголем бидејќи симптомите за дијабетес се суптилни и една третина од заболените не се свесни дека боледуваат од оваа болест. Од исклучителна важност е да се информирате за неколкуте симптоми, за да делувате на време.

Почнете оттука!!!

Дијабетес од тип 1

Личностите со дијабетес од типот 1 имаат неприметни рани симптоми кои обично се јавуваат ненадејно. Во оваа состојба панкреасот не произведува инсулин.

Симптомите на Дијабетес од типот 1 вклучуваат:

Зголемена жед

Почести мокрења

Константана глад

Замаглен вид

Замор или постојано чувство на замор.

Дијабетес од тип 2

Дијабетесот од тип 2 може да се појави без никакви симтоми, меѓутоа симтомите се развиваат постепено. Во оваа состојба панкреасот произведува инсулин но во помали количини од потребните за правилно функционирање на организмот.

Симптомите на Дијабетес од типот 2 вклучуваат:

Чести габични инфекции

Многу бавно зарастување на рани

Мачнини

Замор или постојано чувство на замор

Зголемена жед

Губење на килограми

Замаглен вид

Доколку имате комбинација од барем 3 карактерситични показатели за деијабетес, веднаш посетете го вашиот доктор. Подобро е да се превенира отколку да се лечи!!!

Напиши коментар