Дестинации

Зошто летовите денеска траат подолго отколку во 70-тите?

Според логиката на нештата, со напредокот на технологијата, денеска би требало нештата да се полесни и побрзи од порано. Но кога станува збор за патување со авион, нештата се сосема спротивни.

Имено, денеска лет од Њујорк до Тексас трае околу 4 часа, а во 70-тите години на минатиот век, лет на истата релација траел нешто помалку од два ипол часа. А ова не е единствениот пример. Па зошто летовите станале подолготрајни со текот на време?

Има неколку причини за ова, но главната е цената на горивото. Според Business Insider, цената на горивото во изминативе години пораснала од 0,70 до 3 долари.

Па авиокомпаниите сфатиле дека ќе заштедат на гориво доколку авионите летаат поспоро, и поради тоа летовите ги продолжуваат за неколку минути секоја година – нешто што им заштедува по неколку милиони долари.

Напиши коментар