Бебиња во картонски кутии
Наместо во дрвена или пластична колевка или креветче, во Финска, децата често се сместени во картонска кутија, а тоа се прави и денес, па често на новите мајки им се дава мал душек или перница за картонската кутија. Оваа традиција е стара 75 години и започнала во ерата на сиромаштијата во која стапката на смртонст била многу голема, а симболизирала дека сите бебиња имаат еднаков почеток на животот.
На возрасните не им е дозволено да ползат
Според бугарската легенда, ако возрасните ползат пред детето, ѓаволот може да стане љубоморен и да се обиде да го повреди или дури да го украде бебето. За да го заштитат од злите сили, возрасните треба да го поплукаат детето велејќи: “Да те искакаат кокошките”.
Супа од алги за мајката
По породувањето, жените во Кореја треба строго да се одмараат три недели потоа, за да се опорават. Во тие три недели тие мора да јадат само топла храна и пијалоци, дури и ако се породиле во текот на летото. Исто така, новопечената мајка традиционално треба да јаде големи количини на супа од алги, која треба да го забрза опоравувањето по породувањето.
Во Кина бебињата ги “тренираат” уште на почетокот
Откако мајката и бебето ќе излезат од болница, повеќето родители се главно преокупирани со неговиот сон и хранење. Кинезите тука додаваат уште една работа, а тоа е привикнување на бебето на лажичка. Тоа започнува штом бебето ќе почне само да ја држи главатa, што може да биде и на два месеци.
На крштевката торта дури од венчавката
Ако мислите дека предолго сте ја чувале тортата од свадбата во фрижидер, размислете уште еднаш бидејќи во Ирска е традиција да се чува горниот спрат од свадбената торта се додека не се роди бебето. Тогаш тортата се размачкува по главата на бебето, како симбол”Круг на животот”, а гостите можат да ги јадат остатоците од колачот. Но оние попаметните сепак не го прават тоа.
Нозете на бебето не ја допираат земјата
Во Бали, постои традиција според која нозете на детето не треба да ја допрат земјата во првите 105 дена од неговото раѓање. Тоа буквално значи дека детето три месеци мора постојано да се држи во раце, а на тој посебен 105-ти ден, со голема церемонија детето се спушта на земјата и му се изразува добредојде во семејството.
Ладна бања
Иако повеќето од денешните родители не би го направиле тоа, во Гватемала на мајките им се советува да ги ставаaт бебињата во ладна бања, за да поттиканат добар сон.
Бричење на косата
Во Пакистан, во првите седум дена од возраста на детето, косата треба да биде целосно избричена, како дел од муслиманскиот обичај наречен Aqiqag. Според него, по бричењето косата на бебето ќе расте побргу и ќе стане погуста.
Чување на папочната врвца
Откако папочната врвца ќе падне, во Јапонија таа се чува во дрвена кутија. Таа се смета за симбол на врската помеѓу бебето и мајката во минатото, сегашноста и иднината, а детето традиционално го добива своето име на седмиот ден од животот.