← НАЗАД НА БОЗА

10 одлични трикови како малиот стан да изгледа поголем

10 одлични трикови како малиот стан да изгледа поголем
45 Читања

Навистина не е лесно опремувањето и средувањето на мал стан во кој дури и најмалите ситници треба да бидат совршено вклопени, со цел максимално искористување на просторот.

10-odlicni-trikovi-kako-maliot-stan-da-izgleda-pogolemo-00

Следните идеи ќе ви покажат како и малите станови може да изгледаат големо и комфорно…

1. Декоративен разделен ѕид

Кога немате доволно простор за посебни соби, ваквиот ѕид ќе претставува совршена физичка поделба меѓу едниот и другиот дел на станот истовремено изгледајќи како одличен декоративен детаљ.

10-odlicni-trikovi-kako-maliot-stan-da-izgleda-pogolemo-01

2. Трпезариска маса

Она што треба да го исфрлите од главата е идејата дека трпезариската маса треба да биде голема и да зафаќа многу простор. Малата масичка на расклопување ќе ви биде од огромна корист кога просторот не дозволува повеќе.

10-odlicni-trikovi-kako-maliot-stan-da-izgleda-pogolemo-02

3. Бел мебел

Белата боја секогаш визуелно го зголемува просторот, па токму затоа е одличен избор кога е во прашање уредувањето на мал стан.

10-odlicni-trikovi-kako-maliot-stan-da-izgleda-pogolemo-03

4. Приспособливо светло

Секогаш барајте светло кое ќе може да го позиционирате на висината која ви одговара. За дополнителен ефект користете мали столни ламби кои ќе направат просторот да изгледа интересно и посебно.

10-odlicni-trikovi-kako-maliot-stan-da-izgleda-pogolemo-04

5. Мали плочки

Малите плочки, слично како белата боја визуелно го зголемуваат просторот и прават кујната да изгледа навистина посебно.

10-odlicni-trikovi-kako-maliot-stan-da-izgleda-pogolemo-11

6. Паметна камуфлажа

Најтешкиот трик за визуелно зголемување на просторот е креветот. За да го замаскирате ова парче мебел доволни ви се интересни завеси.

10-odlicni-trikovi-kako-maliot-stan-da-izgleda-pogolemo-06

7. Полици за книги како разделен ѕид

Големите полици за книги исто така може да послужат и како разделен ѕид меѓу делот за работа и делот за спиење.

10-odlicni-trikovi-kako-maliot-stan-da-izgleda-pogolemo-07

8. Високи полици

Високите полици се одличен начин за чување на работите кои не се постојано потребни. Исто така, во комбинација со интересни украси тие ќе бидат одличен детаљ, кој ќе направи домот да изгледа модерно и стилски.

10-odlicni-trikovi-kako-maliot-stan-da-izgleda-pogolemo-08

9. Полици

Сите оние кои имаат еден куп книги знаат колку се корисни полиците. Сепак не се само книгите единственото нешто кое може да го сместите таму. Тука спаѓаат и сите интересни украси, кутии, рамки за слики…

10-odlicni-trikovi-kako-maliot-stan-da-izgleda-pogolemo-09

10. Стилска бања

При изборот на елементи за во бањата секогаш водете сметка нивните димензии да одговараат на просторот и да не го преоптоваруваат непотребно.

10-odlicni-trikovi-kako-maliot-stan-da-izgleda-pogolemo-10

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk