Art & Crafts

3 брзи трикови: Како да одберете слатка и зрела лубеница?

Лубеницата гаси жед, отсранува умор, го подобрува расположението, а во 100 грама има само триесет калории. Тоа е одличен извор на витамини А и Ц, калиум и магнезиум.

За да одберете добра лубеница, ви треба малку среќа, но и овие трикови ќе ви помогнат:

  1. Побарајте жолтеникава дамка на површината на лубеницата

Дали сте забележале дамка на површината на лубеницата? Тоа го претставува местото на кое лубеницата лежела на земја во текот на сезоната на растење. Најзрелите лубеници имаат жолтеникава боја, додека оние кои се со бели или светло зелени мора да се избегнуваат затоа што се набрани предвреме.

  1. Изберете плодови без оштетување

Површината на лубеницата треба да биде темно зелена, тврда на допир и без видливи оштетувања. Меката површина е сигурен знак дека плодот почнал да скапува, избегнувајте ги оние со исушена површина.

  1. Проверете ја тежината на лубеницата

Можеби најтешките лубеници ги избегнувате поради тежината за транспорт, но всушност на тие плодови треба да обрнете најмногу внимание.  Дури 92 проценти од лубеницата содржи вода, така да најсочните плодови се и најтешки. Кренете неколку лубеници со иста големина и дома однесете ја најтешката. Таа ќе биде најслатката и најсочна!

Погледнете го видеото како да препознаете сочна лубеница и како да го пресечете истиот.

Напиши коментар