Фармерките се парче облека кое го има секоја жена, без исклучок и тоа во неколку различни модели. Фармерките се најлесни за комбинирање и oдат со се, но понекогаш може и здодевно да изгледаат.
Сепак, постојат неколку едноставни совети кои ќе ги подобрат вашите комбинации со фармерки.
- Украсете ги
Додајте метални детали за да им дадете силен печат на фармерките, или извезете нешто романтично, можете дури и да додадете бисери, кои сега се многу популарни. На овој начин ќе се забавувате и ќе носите фармерки со личен печат.
- Изберете фармерки со необични детали
Класичните фармерки се секогаш неопходни, но тие се малку здодевни. Изберете пар кој има поразличен крој и модел. Ѕвонести или невообичаено исечени фармерки.
- Изберете фармерки со потемен Тексас
Темните фармерки многу поубаво се прилагодуваат на женската фигура. Ги кријат сите недостатоци и ги истакнуваат сите облини на женското тело.