Мода

3 тренди модели на панталони кои се вистински хит за ова лето и подобар избор од фармерките!

Идеално време е барем накратко да ги тргнете настрана фармерките и да им дадете можност на други модели на панталони.

Фармерките веќе не се најдобриот избор за жешки летни месеци.

Оваа сезона, панталоните се во посебен фокус и се носат различни модели каде секој ќе најде нешто по свој вкус.

 

Проверете кои модели на панталони мора да ги имате ова лето:

 

  1. Ленени панталони

Ленените панталони ова лето повторно се во мода. Најдобар избор за оваа година се бели ленени панталони, во кои ќе сакате да го поминете цело лето.

 

  1. Спортски панталони со линија

Уште еден тренд кој се врати од минатото и повеќе не е резервиран само за спортски активности. Панталоните, кои потсетуваат на тренерки  сега се носат со штикли или други неспортски парчиња, а најдобар избор се оние што имаат копчиња на страната.

 

  1. Килоти

 

Килотите се модерни ова лето, и ако сеуште не сте набавиле пар килоти, сега е време за тоа. Кога купувате такви пантолони, не заборавајте должината да им биде до половина на листот од ногата за да ви одговараат добро и да изгледате тренди.

Напиши коментар