Убавина

4 Идеални фризури за на плажа

Со оглед на фактот дека е лето и идеално време да одите на плажа, еве неколку идеи за едноставни, а убави фризури.

  1. Неуредна пунџа

Многу едноставно се прави, а е идеална летна фризура бидејќи ја трга косата од врат. Со неа ќе изгледате многу летно и шик без многу напор.

  1. Неуредно коњско опавче

Едноставно соберете ја косата и врзете ја во опавче без да ја чешлате косата. Извлечете по некој прамен и ќе изгледате многу секси и летно.

  1. Плетенка

Плетенката е идеална фризура за лето и плажа, а може да ја направите на безброј начини. Најинтересна е ситно плетената плетенка кои ја тргаат косата од вашето лице, но дозволува косата слободно да паѓа надолу. Друга омилена плетенка е сирена плетенка која се плете во 4 делови а изгледа многу привлечно.

4. Украсете ја косата со марама

Ова е актуелен тренд, а фризурите кои ги декорирате со марама изгледаат шик и тренди. На тој начин може да ја покажете својата креативност и да направите неодолива фризура.

 

 

Напиши коментар