Доаѓа време кога нашата кожа ќе почне да старее, што е нормално и природно, но повеќето од нас сè уште сакаме да дознаеме што да правиме за да го забавиме процесот на стареење. Затоа многу е важно да дознаеме кои се тие навики што предизвикуваат предвремено стареење на кожата, иако досега не сме ни размислиле на истите.
Навики кои влијаат на предвремено стареење на кожата:
- Исхрана
Конзумирање премногу шеќер може да има негативен ефект врз нашата кожа со текот на времето.
- Премногу алкохол
Ако ова лето сте конзумирале летни коктели ( со алкохол ), можеби е време да размислите за вашиот омилен пијалок на плажа. Алкохолот ја дехидрира кожата и ги проширува капиларите во кожата, предизвикувајќи црвенило. Кожата која не е доволно хидрирана побрзо старее.
- Изгореници
Користење на крема со заштитен фактор е многу важна. Штетата од сончевите зраци е кумулативна. Дури и 10 минути дневно во текот на целиот живот може да предизвика голема штета на кожата.
- Пушењето
Цигарите ја намалуваат способноста на кожата да се храни, што доведува до брчки на кожата.