Иако повеќето жени мислат дека мажите ги освојува црвениот кармин, сепак за нив природниот изглед е секогаш попривлечен.
Имено, дури 57% од испитаниците од едно онлајн истражување откриле дека црвениот кармин не привлекува внимание, а 82% изјавиле дека повеќе сакаат природни фризури и пуштена коса.
Откриваме што сметаат мажите дека е привлечно и атрактивно кај жените:
- Изберете црвен фустан наместо црвен кармин
Одлучете се за бојата на страста за гардероба, а не кармин за усни. Изборот на црвеното фустанче за излегување остава впечаток на самоуверена личност. Мажите сакаат да гледаат различни бои кај жени. Дречливите бои визуелно и ментално стимулираат.
- Пуштете ја косата наместо да врзувате опавче
Иако е понекогаш најлесно да ја соберете косата бидејќи едноставно не сте задоволни со нејзиниот изглед, мажите сепак повеќе сакаат пушена коса.
- Изберете природни бои за шминкање
66% од мажите сметаат дека нивната девојка е попривлечна кога се шминка со природни бои. Најголем дел од мажите сакаат природен изглед, па затоа наместо црвен кармини и темните тонови на сенки за очите, одберете сјај и природна боја на руменило, односно минимално шминка на лицето.
- Тренди облеката заменете ја со класично покомотна комбинација
Изгледа дека средениот изглед не поминува баш најдобро кај мажите.Истражувањето открива дека мажите сепак претпочитаат класичен изглед. За нив е најпривлечна жена во фармерки и маица.