← НАЗАД НА БОЗА

4 знаци дека стресот остава траги врз вашето тело

4 знаци дека стресот остава траги врз вашето тело
174 Читања

Јасно е дека тешко се носиме со големата количина на стрес кој секојдневно ни е наметнат, но секој од нас треба да развие свест дека стресот многу штетно влијае врз нашето здравје и дека навистина треба да најдеме начин да се опуштиме.

Преголемата количина на стрес, често може да биде видлива со очите, бидејќи стресот остава видливи траги на нашето тело.

Организмот кој е под стрес, сите витални процеси ги извршува побрзо, но помалку ефикасно.

Симптомите на стрес најчесто се појавуваат како сигнализација за недостаток на витамини и минерали во организмот.

Секој симптом на стрес на телото укажува на одреден недостиг на витамини и минерали:

  • Испуканите усни се сигнал дека ви недостасува витамин Б6.
  • Белите цртички на ноктите покажуваат недостаток на цинк.
  • Проблемите со дигестивниот систем укажуваат на недостаток на магнезиум.
  • Честите инфекции на грлото показатели се на недостаток на витамин А.

За вашиот организам дополнително да не ги губи витамините и минералите, кои му се потребни за да го зачува вашето здравјето на најдобар начин, обидете се да најдете начин да се изборите со големата количина на стрес.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk