
Вашето дете е хистерично, бара постојано нови играчки, плаче ако не ги добие и не знае како да се однесува со другите деца?
„Ова не треба да звучи како аларм“, вели американскиот психолог Фран Волфиш.
- Поставете ги границите
Воспоставете јасни граници до кои детето може да оди. Предупредете го неколку пати и не подигнувајте го тонот – доволно е за детето да биде послушно.
- Покажете кој е главен
-Грешката на многу родители е дека на секој начин се обидуваат да ги задоволат своите деца, вие не мора да бидете пријатели. Децата треба да разберат кој е главен во домот, инаку тие нема да ве слушаат, вели психологот.
- Разговарајте со своите деца кога двајцата ќе бидете смирени
Дали детето јаде бонбони наместо супа, додека сте во другата соба? Не лутете се и не викајте на него: одржаните лекции со високи тонови нема да направат ништо добро. Разговорот треба да се одвива само кога сте смирени и подготвени за дијалог. Тогаш детето сигурно ќе ве чуе и ќе ги прифати вашите тврдења.
- Контролирајте ги вашите чувства
„Разбирам дека е тешко да се контролирате кога детето станува бесно и хистерично“, вели психологот. – Длабоко дишете и обидете се да се релаксирате – ова е реакцијата што детето не ја очекува од вас. На крајот, ќе сфати дека неговата хистерија е бескорисна и ќе прекине со хистеричните сцени –
- Објаснете му на детето кои грешки ги прави
Она што е очигледно за вас е можеби неразбирливо за детето. Ако е виновно и нешто згрешило, не плашете го, туку обидете се да му објасните во што е неговата вина. Ако детето расипе нешто во кујната, однесете го таму и убаво објаснете му каде згрешило. Овој момент ќе биде запечатен во неговата меморија, а детето веројатно нема да ја повтори истата грешка – советува Волфиш.
