Празниците се речиси на вратата и повеќето жени ги истражуваат outfita и makeup предлозите за новогодишната ноќ.
Покрај тоа, секоја жена размислува и за фините детали како што се накитот и маникирот.
Затоа, ние ви претставуваме неколку креативни идеи за празничен маникир.
- Точки со бојата на празниците
Ако сте љубители на младешки, весели нокти, идеалниот предлог се точките во празнични бои.
Најдобро е да се нанесат неколку мали златни точки над површината на лакот со црвена боја, за да се добие вистинска празнична еуфорија на вашите нокти.

- Пеперминт нокти
Популарни се и белите нокти со црвени пруги, кои неодоливо потсетуваат на шарените пеперминт бонбони, кои се синоним за новогодишните празници.

- Ѕвездено небо
Ноктите инспирирани од ѕвезденото небо, сѐ повеќе се популарни како што се приближуваат празниците.
Со оглед на тоа дека е зима и дека поларната ноќ е една од главните асоцијации, белиот, седефаст лак е идеален за подлогата, додека месечината ќе ја нанесете со декоративни налепници или со цртање доколку сте талентирани за цртање.

- Нокти инспирирани од новогодишните сијалички
Овие креативни нокти изгледаат многу интересно токму поради контрастот, со основата во nude нијанса и glitter за светлата од сијаличките кои ќе ги поврзете со црна лента.

- Glitter зелена
Glitter зелените нокти се апсолутен must have, оваа празнична сезона, бидејќи потсетуваат на новогодишната елка, а ќе изгледаат многу привлечно во новогодишната ноќ.

