Мода

5 начини како да носите тексас шорцеви

Легендарните кретки шорцеви од тексас се повторно актуелни и оваа година. Изберете го вашиот модел меѓу толку широк спектар на бои, должини и различни апликации на нив. Дефинитивно ќе ги разгорите страстите со еден пар кратки шорцеви од тексас.

Со овие шорцеви, вашата половина ќе изгледа екстремно тенка, а грбот ќе ви биде исклучително секси и издолжен. Комбинацијата со кошула или секси топ совршено ќе ја надополни вашата пролетно-летна визија.

Времето надвор дозволува да ги комбинирате кратките шорцеви со високи чизми – секси, но и удобна дневна комбинација. За романтична визија комбинирајте ги со послободна блуза и патики.

Без разлика која визија ќе ја изберете, бидете сигурни дека кратките тексас шорцеви ќе бидат составен дел од вашата гардероба за оваа сеозна.

Напиши коментар