Cafe Del Mar

5 најефикасни вежби за согорување на калории

Доколку сакате ефикасно да согорите калории и добро да се испотите, постојат неколку вежби за кои експертите сметаат дека се најефикасни во процесот на губење на килограми и затоа треба да се вклучат во секојдневниот тренинг.

 

Најефикасно се оние вежби кои бараат многу интензитет и напор!

  1. Скокање на јаже

Активно скокање на јаже предизвикува губење на 700 до 900 калории по тренинг. Ако сакате да постигнете идеален ефект, одлучете се за потешка врвка за активно користење на рацете и рамењата.

 

  1. Возење на велосипед

 

Еден час возење на велосипед во теретана или во природа доведува до ефикасно согорување на калории (од 560 до 840 калории). Оваа вежба е посебно добра, бидејќи активира посебна група на мускули.

 

  1. Трчање

 

Трчањето е неопходен дел од тренингот бидејќи ги активира сите групи на мускули и е многу ефикасно во согорувањето на калории.  10 минути активно трчање може да истопи околу 600 калории. Во текот на трчање, најважно е да се воспостави добро темпо.

 

4.Качување по скали

 

Справа во форма на движечки скалила во последно време стана многу популарна во теретаните, и не е без причина. Активно тренирање на неа може да доведе до губење до 700 калории во час.

 

  1. Вежбање со јажиња

Многу корисен и популарен вид на тренинг, кој ќе ја истестира вашата сила. Може да ве испоти а со тоа да согорите и до 500 калории за еден час. Фокусот на оваа вежба се става на мускулите на рацете, рамењата и стомакот.

Напиши коментар