Sweet Home

5 трикови за побрзо раскитување на елката

Дали и вие сте една од они личности кои откако ќе ја раскитат новогодишната елка немаат место за сите лампиони? Не грижете се, со овие неколку совети ќе најдете место за секој лампион.

  1. Искористете ја кутијата од јајца

Не знаете каде да ги сместите помалите лампиони? Ставете ги во кутијата од јајца. Таа е дизајнирана специјално за да ги заштити осетливите предмети.

  1. “Поделете” ја кутијата за чевли

Ако сте вешти и доволно креативни може да земете кутија од чевли и да ја поделите на неколку делови со помош на картон и лепило. На тој начин ќе може да ги сместите поголемите лампиони и ќе ги заштитите од кршење.

  1. Ставете ги лампионите во чашки

Имате пластични чаши кои ви останале од роденденска прослава или забава, искористете ги така што во секоја од нив ќе ставите лампион и истите ќе ги наредите во кутија, при што ќе избегнете удирање на едни со други.

  1. Поделете ги лампионите според материјалот од што се направени

Дури и да имате кутија за поделба на лампионите многу е важно при нивно складирање да ги поделите според материјалот од кој се направени. На пример пластичните со пластични, дрвените со дрвени, додека пак стаклените завиткајте ги во хартија или друг мек материјал за да не се скршат.

  1. Заштитете ги лампионите од плеткање

Доколку ставите повеќе лампиони во една кутија може да дојде до нивно заплеткување. За да се избегне ваквата појава, помалку кршливите лампиони (пример пластичните) навезете ги на едно стапче и така складирајте ги во кутија.

Write A Comment