Постојат места во Европа кои не се толку добро познати на светската туристичка сцена, но вредат за внимание поради нивната специјалност, автентичност и магична убавина.
- Белаџо, Италија
Белаџо се наоѓа во Ломбардија, кај езерото Комо кое изгледа како море и каде има жив пејзаж со богата историја. Ќе уживате во јадењето и ќе пешачите низ тесните улици во ова прекрасно место, а можете исто така да ја посетите базиликата Сан Џакомо од романскиот период или Музејот на навигациските инструменти.
Во градот и неговата околина има многу вили со прекрасни градини, а некои се отворени за јавноста како што е вилата Шербелони. Ако патувате во Белаџо за време на локална забава, пробајте ја празничната торта наречена Мијаска која е направена од пченкарно брашно и сушено овошје.
- Рејне, Норвешка
Ова мало, автентично рибарско село ќе ви го одземе здивот со својата убавина и магија. Тоа припаѓа на Лофотенските Острови, кои ќе ви овозможат бројни можности да уживате во скандинавските вкусови според вашиот афинитет и начинот на кој сакате да уживате, без разлика дали тоа е кајакарење, пешачење или возење со траект. Во периодот од септември до април, ако времето не е бурно, Рејне е идеално место да се биде во спектакуларната Северна светлина – Аурора Бореалис.
- Тун, Швајцарија
Градот кој се наоѓа веднаш до истоименото езеро ќе ве привлече со прекрасната природа, а на врвот на ридот над стариот град е приказна од 12 век со историски музеј. Ова е место кое ќе ве плени, град кој ви дава можност да уживате во величествениот поглед на Алпите.
- Бибури, Англија
Запознајте ја вистинската Англија, откривајќи го ова прекрасно село во југозападниот дел на Англија. Во селото има убава, стара, саксонска црква Света Богородица. Во ова прекрасно село можете да видите куќи од 17 век, камени колиби со боја на мед и стрмни покриви. Најголемата зграда е судската зграда, изградена во 1633 година.
Колибите Арлингтон Роу датираат од 1380 година кога монасите ги користеле за складирање на волна. Селото е покрај реката Колн и често се користи за сникмање на филм и локација за снимање на серии, па тука беа снимени филмовите Ѕвездена прашина и Дневникот на Бриџит Џонс. Првиот клуб во светот за коњски трки, Клубот Biburry беше основан токму тука во 1681 година.
- Мостар, Босна и Херцеговина
Добитникот на Нобеловата награда, Иво Андриќ на своите знаци покрај патот напиша: “Од сè што човекот крева и доживотно гради, ништо не е во моите очи подобро и повредно од мостовите. Сè и секој еден, еднаков, корисен, секогаш кренат, наменски правен, на местото каде што се вкрстуваат најголем број човечки потреби … ”
Преку реката Неретва во Херцеговина, во Мостар, се наоѓа убавиот Стариот мост, пример за османлиска архитектура од 16 век. Градот Мостар бил именуван по мостарите, чувари на Стариот мост во средниот век. Постарата генерација се присети на телевизиска програма каде што можевме да уживаме во атлетски скокови од мостот.
Мостот бил подигнат во 1566 година според наредбите на Султан Сулејман Величествениот. Прекрасениот камен мост е на листата на УНЕСКО. Мостар е богат со културни институции како што е Куќата на Алексе Шантиќ, Куклениот театар, Музејот на Херцеговина. Не пропуштајте да пробате нешто од босанско-херцеговската кујна, што е прекрасна комбинација на балкански, ориентални и медитерански влијанија, предлагаме ќебапчиња, а како десерт тулумбе.