Bridal

5 врвни совети за беспрекорна невестинска шминка

Младоженецот е избран, венчаницата испеглана, гостите поканети, храната, цвеќето нарачано …Единствено што останува е да се грижите за својот изглед и да се појавите пред матичарот полна со сјај. Користете некои од make up правила кои ви ги препорачуваме тука, и бидете сигурни дека со гордост ќе ги покажете вашите свадбени слики.

ТРЕНД

Шминката обично нема многу врска со сегашните трендови. Тоа што е актуелно јака шминка, нападно исцртани очи, темни кармини, не значи дека и така нашминкани треба да се појавите пред олтарот. Младите пред се треба да изгледат свежи, а шминката треба да го истакне најубавото од лицето.

ЛИЦЕ

Подгответе го своето лице најмалку две недели пред свадбата. Користете пилинг маски, измијте го со ладна вода, пијте повеќе течности и употребувајте активен кислород. Така ќе создадете одлична база – чиста кожа за шминка.

ПОГЛЕД

Обавезно обезбедете добар, но не премногу лесен, коректор за подочњаци. Ставете бела сенка на работ на долниот капак, но за отмен изглед, користете мат сенки. Ставете ги умерено.  Ако сакате, можете да ставите вештачки трепки, и водоотпорна маскара се разбира.

УСНИ

Откако ќе се заколнете за вечна љубов, бидете подготвени за првиот бакнеж. Ноќта пред свадбата, на усните направете им пилинг. Ако се одлучувате за посилна шминка за очи, препорачливо е  карминот да е помалку забележлив. Најдобро е природна, неутрална сенка, така што гостите да се прашуваат дали воопшто имате кармин.

ТЕН

Кога целосно ќе се нашминкате не заборавајте да на челото, брадата и  носот  нанесете малку  пудра во прав за да лицето не сјае.

Напиши коментар